Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67. 818,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година која изнесува 67. 382,00 денари е зголемена за 436,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326,00 денари.
Според податоците објавени од Сојузот на Синдикати на Македонија, само за основни прехранбени производи во март на едно четири члено семејство му биле потребни
25. 292,00денари.
Се на се’ трошоците за живот пресметани од страна на ССМ изнесуваат 67.818, 00 денари
Но, и покрај тоа Владата не е способна да ги контролира адтрономските покачувањана на цените на основните производи и не прави ништо да ги стопира цените, ниту пак да ги зголеми платите на најсиромашните работници и да го подигни животниот стандард на граѓаните.
ДЕМОКРАТИ подолго време предлагаат зголемување на минималната плата, не, за 600 евра како што предлага ССМ, туку 1000 евра, поради секојдневното зголемување на цените и поради порастот на цената на нафтата на светските берзи, а со цел да се подобри животниот стандард на најсиромашните граѓани.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за подобар животен стандард на граѓаните во Македонија!


