ДЕМОКРАТИ произлегоа од бунтот на обичниот човек, од потребата конечно да се каже доста на корупцијата, криминалот, партиските вработувања, понижувањето на народот и узурпацијата на јавните ресурси.
ДЕМОКРАТИ не се партија за фотелја, ниту партија на тајкуни.
ДЕМОКРАТИ се партија на работници, родители, пензионери, млади луѓе и сите оние кои се уморни од лаги.
ДЕМОКРАТИ имаат:
– јасна организација
– растечки број активисти низ цела Македонија
– официјална веб-страница Demokrati.mk и силни комуникациски канали
– директен контакт со народот, без посредници и цензура.
ДЕМОКРАТИ растат затоа што го кажуваат она што другите не смеат да го кажат.
Растат затоа што не чекаат дозвола од позицијата и опозицијата што да кажуваат, за да ги бранат нив и останатите нивни приврзоци.
Нашите ставови се едноставни и јасни:
– институциите мора да им служат на граѓаните, а не на партиите
– јавните пари се пари на народот
– одговорноста мора да постои, без исклучоци
– достоинствениот живот не е привилегија, туку право.
ДЕМОКРАТИ не се маркетинг.
Не се краткорочна приказна.
Тие се партија на отпор, вистина и промени.
Секој ден не има се повеќе и повеќе, бидејќи системот можеби е силен но народот е посилен.
Ако сте уморни од лагите, тишината, ако не се согласувате со неправдата, ако ја сакате Македонија, каде што луѓето ќе живеат од работа и плата, придружете ни се, затоа што заедно можеме да направиме повеќе.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава и за доброто на граѓаните и Македонијад!


