Со линеарното зголемување на основната плата на вработените во МВР, зголемувањето ќе изнесува само: 1.667,00 денари нето или 2.470,00 денари бруто.
Зголемувањето се однесува на основната
плата за месец март 2026 година, која ќе биде исплатена во месец април 2026 година.
Со зголемувањето на основната плата, ќе се
зголемат и додатоците на плата на вработените во МВР.
Ставот на полицискиот Синдикат е дека, за подостоинствен живот, платите на вработените во МВР треба да се зголемат за најмалку 20%.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат мизерното линеарно зголемување на платите на вработените во МВР, за само 1.667 денари и предлагаат зголемување на платите од 100%.


