“Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата од 18 % на 10 %, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржите, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Владата имала мерка-
“како ниту една држава во Европа, се пофали тој.
Во врска со мизерното зголемување на платите, тој продолжува да се фали дека Владата се труди да има помали трошоци за живот, а повисоки примања кај вработените.
Околу мерките за стабилизирање на растот на цените кај храната пак, Мицкоски и за тоа се пофали дека 30 тимови од ДПИ се на терен.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат премиерот за какви мерки зборува, кога го намали само ДДВ на нафтата, а не на сите прехранбени производи? И како ќе ги стопира цените на пазарот со своите 30 тимови инспектори?
Да не зборуваме за мизерното покачување на платите од 1.600 денари, а цените на сите производи секојдневно вртоглаво растат?!!
Доста му е на граѓаните од неговите фалби, лаги и празни ветувања за подобар животен стандард!
ДЕМОКРАТИ предлагаат сет од реални мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а пред се, минималната плата да биде најмалку 1.000 евра, а минималната пензија 30.000 денари !


