Со одлуката да нема упис на нови ученици за учебната 2026/2027 година, власта го затвора СОЗУ„Кузман Шапкарев“ – Битола, институција која датира уште од 1908 и со овој чин, има за цел да го остави најголемиот земјоделски регион во државата, без стручен кадар.
Пелагонија е столбот на земјоделското производство во државата, а СОЗУ „Кузман Шапкарев“ со децении е единствениот образовен центар за ветеринарни и земјоделски кадри во Битола и регионот.
ДЕМОКРАТИ се против затворањето на средното земјоделско училиште во Битола, како единствен образовен центар од овој вид во регионот и во државата.
Владата наместо да инвестира во развој на аграрот и земјоделството, како и во модернизација на училиштето,со овој чин ги затвора вратите за младите битолски земјоделски и ветеринарни кадри, кои се присилени да бегаат од овој сектор и да заминуваат во странство.
ДЕМОКРАТИ бараат оставка од неспособната министерка Весна Јаневска поради нејзините крајно неразумни реформи, а од Владата и МОН бараат ИТНО да го ревидираат Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/27 година и да ја поправат оваа огромна грешка.
Затворањето на земјоделското училиште во срцето на Пелагонија значи директен атак и уништување на аграрот и земјоделието во државата и крајна инфантилност на Владата која уште повеќе ги протерува младите да ја напуштаат државата!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!


