Неодамна Владата ја усвои новата Стратегија за образование 2026-2032, со која се најавуваат обемни реформи (нова матура, дигитални факултети, дуално учење и системски промени од предучилишно образование до универзитет).
-Стратегијата предвидува една година задолжително предучилишно образование.
– Целосно реформирана државна матура со нови испитни програми и стандардизирано оценување.
– Значајни реформи во високото образование: централизиран дигитален систем за упис и воведување кратки стручни студии.
-Дуално образование, кое ги вклучува компаниите, нуди практично учење и ги подготвува учениците директно за пазарот на труд.
-Се предвидуваат нови наставни и испитни програми за државната матура и Тимови за кариерно советување.
-Реформите во високото образование се однесуваат на воведување дигитален уписен систем, воведување кратки студии од една до две години и следење на студентите по завршувањето.
-Стратегијата предвидува интеграција на вештачка интелигенција, зелени компетенции и претприемачки вештини.
Планирано е подобрување на дигиталната инфраструктура преку опремување на училиштата со паметни училници, обезбедување брз интернет и современи дигитални алатки.
-Стратегијата воведува и мерки за психосоцијална поддршка, превенција на насилство и други програми за благосостојба на учениците во училиштата.
Од 2000 година до денес бројот на ученици во основното образование е намален за 28%, а бројот на наставници е зголемен за 46%. Според МОН, ова доведе до сооднос од 11,4 ученици по наставник.
Поради тоа новата Стратегија предлага рационализација на училиштата преку оптимизација- (воведување едносменска настава) и намалување на трошоците за одржување на објектите, како и реконструкција и проширување на училишните објекти.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат Владата и министерката за образование Весна Јаневска дали ова е “НОВА СТРАТЕГИЈА” или уште поголем ХАОС во и така хаотичниот образовен систем во државата?
Ја повикуваме неспособната министерка да кажи како ќе ги подобри знаењата и вештините на учениците со воведување на претприемачки вештини, некакви зелени компетенции и куп други глупости?!!
А, најголемата нејзина глупост е оптимизацијата со која ќе “заштеди”, а од друга страна ќе реконструира училишта, наместо да воведи наставни програми од најразвиени земји во светот и бесплатно образование ?!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за врвно образование по теркот на најразвиените земји, а пред се целосно бесплатно образование, почнувајќи од основното до високото образование!


