НАЈОСТРО ЈА ОСУДУВАМЕ ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ДА ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА ЗАТВОР НА КОРУМПИРАНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ

Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито од 10.000 евра, откако Апелациониот суд- Скопје му го уважил барањето и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна.
Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе порано, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци, наместо три години. Дел од казната Георгиев веќе ја издржувал во олеснет режим и тоа бил ангажиран како магационер, при што излегувал од затвор во текот на денот, а се враќал навечер, само за спиење во ќелија и користел и викенд-отсуства.
ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат одлуката на Апелациониот суд за намалување на казната затвор во траење од три години, на две години и два месеци на корумпираниот судија Наќе Георгиев.
Судиите во Апелациониот суд наместо да донесат праведна пресуда за нивниот колега кој сторил кривично дело-примање мито, тие му ја намалија казната.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за праведно судство и за најстроги казни за тие што се занимаваат со криминал и корупција!

Претходно 200.000 Бугари во Македонија, а на избори дојдоа 200 души.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ