Синдикатот на вработените во Министерството за култура и туризам протестираше поради обидот да се укине колективниот договор од страна на министерот Зоран Љутков и Уставниот суд. Културните работници протестираа поради прекршувањето на договорот за начинот на пресметка на платите на вработените во овој сектор.
Од синдикатот порачаа дека останува отворено прашањето кон кои стандарди се стреми државата во областа на културата.
ДЕМОКРАТИ им даваат целосна поддршка на Синдикатот на културата и на вработените во културата, во нивните барања за целосно почитување на колективниот договор, согласно законските принципи, а не во зависност од принципите на власта!!!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава и повисоки плати за работниците!


