Меѓународна истрага за онлајн педофилија откри случај и во Македонија, откако по дојава од австралиската полиција, бил идентификуван осомничен во Битола, кај кого биле пронајдени материјали со детска порнографија.
Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Битола, извршило претреси на повеќе локации, при што е отворена истражна постапка против едно лице. Станува збор за 31-годишно лице, вработен како психолог
во основно училиште во Битола, кој е осомничен за производство и дистрибуција на материјали со детска порнографија.
До Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор, додека истрагата е во тек.
Осомничениот, во периодот од април 2024 до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема што ја користел во домот, набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.
Од Јавното обвинителство наведуваат дека постапката е резултат на предистражни дејствија спроведени во координација меѓу СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од овој случај и бараат од истражните органи да му се изречи најстрога казна на педофилот, имајќи во предвид дека истото лице било вработено во воспитно-образовна установа?!!
ДЕМОКРАТИ секогаш најостро се борат против непрофесионализмот и партиските вработувања и предлагаат детални психолошки тестирања на лицата кои се вработуваат во сите институции во државата.
БАРАМЕ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА ОНИЕ КОИ ВРШАТ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА !!!


