ПРЕДЛАГАМЕ ФОРМИРАЊЕ НОВО МИНИСТЕРСТВО ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

Демократи предлагаат формирање ново Министерство за борба против криминалот и корупцијата. Основата за работата на ова министерство би биле 2 закони и тоа:
1. Закон за целосна конфискација на имотот на корумпирани и криминални лица и
2.Закон за истрага на потеклото на имотот за сите, особено за политичарите и носителите на јавни функции и конфискација.
Земајќи ја предвид сложеноста на проблемот и обемот на работата, ова е единственото министерство во Владата кое би имало двајца министри ( еден за криминал и корупција а вториот за потекло на имот и конфискација). Нашиот предлог би бил тие да бидат обвинители,исклучително професионални и компетентни и најважно од сè, неизмерно храбри кои би имале задача да го искоренат криминалот и корупцијата, првенствено во државниот апарат…
Со посебен закон би се дефинирало, дека ова министерство би го имало под своја контрола Обвинителството за организиран криминал и корупција како и сопствена полиција, така што тие би имале целосна автономија во својата работа, без можност за компромитирање на истрагите.
Вака организирано министерството успешно ќе се справи со криминалот и корупцијата на сите нивоа.
ДКСК( Државната комисија за спречување на криминал) која е надлежна за откривање и спречување на криминалот и корупцијата во државата, досега служеше за вработување на партиски полтрони и поддржувачи, се покажа сосема неефикасна, трошеше народни пари и докажа дека не ги открива, туку напротив е креирана да ги заштитува партиските криминални елити.
Поради тоа ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО укинување на ДКСК и формирање на Министерство за борба против криминалот и корупцијата.
ДЕМОКРАТИ најжестоко се борат против криминалот и корупцијата во државата!

Претходно ДАЛИ ФАШИСТИ ИЛИ ДЕМОКРАТИ ВЛАДЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ