ЗОШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК, ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ НЕ ГО ПОДДРЖУВА ПРОТЕСТОТ НА ССМ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ?

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1-ви Мај – Денот на трудот.
Според неговата изјава го одбрале патот
преку дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса.
„За плата се бориме, не се молиме“ е мотото на протестот што
го организира ССМ. Оттаму повикуваат на масовност, при што работниците гласно ќе ги истакнат барањата за повисоки плати и за подобри работни услови. Осмиот, традиционален првомајски работнички протест ќе започне на 1-ви мај, во петок, во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје.
На протестот се очекува учество на повеќе синдикати од различни сектори.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат претседателот на СОНК, Јаким Неделков дали работи за интересот на вработените во образованието, науката и културата или за властите и за лична корист и за каков “договор на маса” зборува, кога вработените во овој сектор имаат најмизерни плати и сами си плаќаат патни трошоци за да стигнат на работа (просветните работници кои работат по селата, а живеат во градови)?!
Тој се устоличил во неговата фотеља со децении и воопшто не се залага за подобрување на стандардот на вработените во секторот образование, наука и култура и не е заинтересиран за учество во традиционалниот првомајски протест, кој се организира за поголеми плати за работниците!!!
ДЕМОКРАТИ ја осудуваат неговата одлука СОНК да не учествува на протестот и како повеќе децениски претседател на СОНК, кој нема ништо добро направено за вработените во образование, наука и култура, напротив соработува со секоја власт за свои лични интереси. Поради тоа ДЕМОКРАТИ го повикуваат ИТНО да си поднесе оставка!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правата на работниците и за подобар животен стандард!

Претходно СО КОЈ СИ, ТАКОВ СИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ