МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА

Овие денови Владата во Собрание го турка по брза постапка Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, кои се штетни за Македонија и граѓаните.
Овие закони ќе им овозможат на странски фирми и инвеститори лесен пристап на природните ресурси за експлоатација, и кои ќе ја загадуваат животната средина, загрозуваат здравјето на граѓаните, ќе го собираат профитот и носат во странство, а нашата држава и граѓаните ќе имаат минимална добивка од неколку проценти од концесија и огромен ризик по животната средина и здравјето на граѓаните.
Македонија е мала земја која не можи да си дозволи рударство без сериозни последици. Секое индустриско зафаќање директно влијае врз населени места, земјоделски
површини и природни ресурси.
Земјата е сиромашна со питка вода, што ја
прави особено ранлива од загадување од рударски активности.
Недостигот на водни ресурси и густата
населена структура значат дека рудниците
носат висок ризик по екологијата, здравјето на луѓето и квалитетот на живот.
Рударството бара големи површини и инфраструктура, што во Македонија се преклопуваат со земјоделски и урбани зони. Потенцијалните еколошки штети имаат директно влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните.
ДЕМОКРАТИ се против продажбата на природните ресурси на странски фирми и крајно време е да се фокусираме ако сакаме сами да ги експлоатираме. Предлагаме пред се, ако сакаме природните ресурси да ги експлотира македонската држава во корист на граѓаните и сами да произведуваме електрична енергија од обновливи извори (вода, сонце, ветер). Само така ќе ја заштитиме животната средина и профитот ќе остани за државата-народот.
Исто така потребни се ИТНИ политики-измени на закони за заштита на природните ресурси, пред се на земјоделските обработливи површини, (обработливите површини да се користат за земјоделски култури), а не за индустриски зони и депонии. Мора да водиме поголема грижа за животната средина и одржливиот развој, а пред се, за здравјето на граѓаните.
Исто така, ДЕМОКРАТИ се за изградба на фотоволтаични централи но, не, на квалитетни обработливи земјоделски површини од прва и втора категорија. Тие панели треба да се поставуваат на ридско земјиште, а не да се зафаќаат обработливите површини со фотоволтаични централи, како што е практика кај нас. Ние сме пред се аграрна земја и треба максимално да ги користиме ресурсите за развој на земјоделието, наместо да ги уништуваме најквалитетните земјоделски површини.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за здрава животна околина и врвна економија!

Претходно ЗОШТО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАНИМАВАТ СО ПОЛИТИКА?!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ