Неодамна се случи несреќа на градилиште во Кисела Вода, каде загина 34 годишен млад човек, додека се копале темели и притоа, жив бил затрупан од одронот на земјата, која не била обезбедена од надлежните. Притоа, на градилиштето уште тројца повредени работници биле извадени и пренесени со возило на итна медицинска помош во Клиниката „Мајка Тереза”.
Благодарение на властите здружени со урбаната мафија, кои ништо не преземаат за работниците да работат во безбедни услови, се случи оваа несреќа- убиство од страна на властите, на кои рацете им се крвави од многуте вакви случаи. Се работи за чиста негрижа за работниците и непочитување на стандардите за нивна безбедност на градилиштата во државата во последните години.
ДЕМОКРАТИ бараат од надлежните органи да ги истражат причините за несреќата и да утврдат дали доследно се почитуваат прописите за безбедност при работа. Доколку се утврди дека не се испочитувани доследно, бараме најстроги казни за одговорните на градилиштето.
Работниците треба максимално да бидат заштитени на своите работни места со цел да се избегнат вакви трагедии.


