ДОДЕКА ЈАПОНИЈА ИЗГРАДИ БРЗ ВОЗ КОЈ СЕ ДВИЖИ СО ПОВЕЌЕ ОД 700 КМ НА ЧАС, МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ, АЛЕКСАНДАР
НИКОЛОВСКИ СЕ ФАЛИ СО СВОЈОТ ,,ПРОЕКТ НА ЖИВОТОТ”- НЕИЗГРАДЕНА ЖЕЛЕЗНИЦА, (КОГА ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ И АКО СЕ ИЗГРАДИ, САМО БОГ ЗНАЕ), КОЈА ЌЕ СЕ ДВИЖИ САМО СО 200 КМ НА ЧАС!
Вицепремиерот и Министер за транспорт врски, Александар Николоски, откако е на функција, најавува и се фали со “стратешка инвестиција” – модернизација на железничката инфраструктура, со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час.
Според Николоски, планот предвидува целосна изградба на брза железница од границата со Србија до границата со Грција. Проектот ќе се реализира во рамки на стратешко партнерство со Велика Британија.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека тоа се лаги и фалби на власта и додека Јапонија изгради брз воз кој се движи со повеќе од 700 км на час, министерот Александар Николоски се фали со својот “Проект на животот” – неизградена железница, (кога ќе се изгради и ако се изгради, само Бог знае), и која ќе се движи само до 200 км на час.
За жал, на власт се манипуланти и криминалци кои го лажат и замајуваат народот со божем “стратешки инвестиции, ” а работат за свои лични интереси за богатење, за да можат да живеат раскошен расипнички живот, на сметка на сиромашните граѓани!
ДЕМОКРАТИ предлагаат да се градат електро централи на место нерентабилни железници, кои железници ќе креираат загуби за државата, а граѓаните, нивните деца и внуци ќе ги плаќаат кредитите.
ДЕМОКРАТИ секогаш ги откриваат и посочуваат пред граѓаните лагите, манипулациите и фалбите на оваа ненародна и криминална власт!


