“Нашите иселеници се враќаат од странство – големи европски земји ќе банкротираат, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска.
Според неа, „Се очекува, според некои проекции на меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години, десетина големи европски земји, кои ќе банкротираат.
Нашите луѓе кои живеат низ Европа гледаат каква е состојбата, што не можеме да кажеме за нас. Ние сме поздравени и од страна на ММФ и од страна на Светска банка“ порача министерката.
Само за споредба на фактите кои ги пренесе министерката за финансии, дека само за 6% се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу двата пописи од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години.
ДЕМОКРАТИ тврдат дека и министерката за финансии очигледно полуде или халуцинира, според ваквите изјави со кои најавува банкрот на повеќе европски земји, а Македонија не е меѓу нив. Исто така таа зборува на памет, а не со факти, дека млади се враќаат, а заминале само 6% од Македонија?!!
После вакви изјави, што уште да очекуваме од министерката Гордана? Таа предвидува, халуцинира или полуде, и што можи да направи таа за економијата, кога е тотално неспособна и е срам и брука за државата со вакви и слични изјави?!
ДЕМОКРАТИ ја повикуваат ИТНО да си поднесе оставка, заедно со неспособната Влада на Македонија!
За жал, на чело со Премиерот Мицко и министерката по образование, тотално забегаа со нивните лажни изјави, како последица на тешка форма на халуцинација и неспособност, успешно да ја водат македонската држава во секој сектор на општественото живеење!
Се додека се на влас неспособни луѓе, за жал, се дотогаш Македонија ќе тоне во огромна септичка јама, а ние-народот ќе живееме помизерен живот со секој изминат ден!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за подобар живот за граѓаните и спас на Македонија


