НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ ПРАВДА, КОГА КРИМИНАЛЦИ ЈА ИМААТ ОКУПИРАНО МАКЕДОНИЈА И ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ!

Од Здружението “16 Март” реагираа по пресудата за полицајците: Според нив “Ова не е правда, ова е формалност и е јасно дека системот се штити сам себе”.
Со пресудата 3 полицајци од Кочани беа прогласени за виновни, но со условна казна затвор од една година, а командирот на полициската станица со две години. Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во период од 4 години.
ДЕМОКРАТИ целосно ги поддржуваат родителите на загинатите и повредените во “Пулс”и Здружението “16 Март” и тврдат дека, нема правда додека криминалци ја имаат окупирано Македонија и државните институции.
Според Кривичниот закон за злоупотреба на службена должност, се предвидува до 10 години затвор, а се изречени
условни казни, и тоа за утврдена вина-злоупотреба, во систем што со години дозволувал незаконитости и пропусти, и непостапувањето по закон креирало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека во конкретниот случај и покрај утврдената вина, изречени се условни казни, без ефективен затвор. Повеќе од очигледно е дека дека власта го штити системот, наместо да казнува и да се соочи со сопствените пропусти. Ова не е правда. Ова е само формалност. Поради тоа бараме повисоките судови да ја преиспитаат пресудата. Мора да има
одговорност за сите без исклучок, кои со своето постапување или непостапување биле причина за трагедијата.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава!

Претходно ОГРОМНА ПОДДРШКА ОД ДЕМОКРАТИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ