СКАНДАЛ ДО СКАНДАЛ ВО МЕПСО

Нов скандал во МЕПСО-
Компанијата “Green Maintenance”, чиј сопственик е Шабан Шефки (ВЛЕН), формирана непосредното пред распишувањето на тендерот, успева да добие договор вреден 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.
Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што договорот е потпишан од директорот на МЕПСО, Бурим Латифи – прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанија од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра.
ДЕМОКРАТИ посочуваат дека ово не е единствен случај со МЕПСО, каде често се склучуваат скандалозни договори, со кои дирекно се оштетува Буџетот и тоа со милионски штети.
Ова е уште еден пример како градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН.
Додека граѓаните се соочуваат со економска криза, високи цени и секојдневно осиромашуваат, партиски послушници блиски до власта, отвораат компании преку ноќ и добиваат тендери вредни стотици илјади евра.
ДЕМОКРАТИ бараат од ДКСК (Државната комисија за спречување на корупцијата), Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство ИТНО да отворат истражна постапка, дали зад овој тендер стои организирана шема за извлекување на милионски суми народни пари.
ДЕМОКРАТИ најжестоко се борат против корупцијата и криминалот во државата!

Претходно ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДЕМОКРАТИ ЈОРГО ОГНЕНОВСКИ ИЗЈАВИ:

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ