КАКО ДА СЕ НАМАЛАТ АСТРОНОМСКИТЕ ЦЕНИ НА СТАНОВИТЕ?!

1. Државата треба прогресивно да го зголеми данокот на имот на станови!
2. За првиот стана треба да се плаќа минимален данок на имот. За вториот стан двојно повеќе од првиот, а се над тоа треба да се оданочува десеткратно!
3. Фирмите не смеат да продаваат неизградени станови, туку само готови со технички преглед и со вклучени паркинг места, а исто така не смеат да ги чуваат непродадени повеќе од две години!
4. Секој што гради нелегално да се урни или оданочи во висина од 50 проценти од вредноста на градбата!
5. Да се укине институтот позајмица за градење (тоа е перење на црни пари)!
Само удар врз градежната мафија, ќе ги намали цените на недвижностите (становите, куќите, деловниот простор)!
Бизнисот има правила, успеваш или пропаѓаш, а не да се крадат граѓаните за да се богатат тие што градат!
Сега во градежништвото го нема тоа, само мафијашко енормно богатење на градежната мафија здружени со криминалците-политичари, кои им го овозможуваат тоа!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат против криминалците за доброто на граѓаните и Македонија!

Претходно ,МОЈАТА ПРИКАЗНА Е МНОГУ ЕДНОСТАВНА”-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДЕМОКРАТИ ЈОРГО ОГНЕНОВСКИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ