НЕСПОСОБНА ВЛАДА И НЕСПОСОБЕН ПРЕМИЕР МИЦКО, ЗАТВОРЕТЕ ГИ СИТЕ КАЗИНА, КОЦКАРНИЦИ И БРЗИ КРЕДИТИ, А НЕ ДА ПРЕДЛАГАТЕ 500 МЕТРА ДА БИДАТ ОДАЛЕЧЕНИ ОД УЧИЛИШТАТА

Дали ќе се смени перцепцијата за тоа, дека коцкарниците се главна индустрија во градовите?
Неспособниот Премиер Мицко смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои неспособната Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение, со кое ќе се ограничат локациите за коцкарниците и канцелариите за издавање брзи кредити.
Со овој предлог-закон, се предвидува сите објекти за игри на среќа (казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа), да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата. Во обложувачниците што се наоѓаат до 500 метри од училишта, нема да биде дозволено поставување опрема за електронски игри на среќа. За прв пат се воведуваат и ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа, се забранува рекламирање надвор од деловните простории.
Според Мицко ќе се смени перцепцијата за тоа, дека коцкарниците се главна индустрија во градовите.
ДЕМОКРАТИ одамна апелираат дека Македонија е држава во која има најмногу коцкарници, казина, обложувалници и канцеларии за брзи кредити по глава на жител, а со рекламите и билбордите за нив, градовите личат како градови во кои коцкарниците се главна индустрија. Ги има буквално на секој чекор, дури и во станбените згради. Во ниедна држава во светот нема коцкарници и реклами насекаде и на секој чекор, освен во одредени хотели и локации, а никако до училишта и во стамбени згради, тоа го има само во Македонија!
ДЕМОКРАТИ му упатуваат порака на ненародниот Премиер Мицко и ненародната Влада со новиот предлог закон за игри на среќа, наместо да ги ограничува локациите за коцкарниците и казината и канцелариите за брзи кредити, истите да ги ЗАБРАНИ, ако сака да ги спасиме граѓаните и нивните семејства од негативното влијание на коцката и брзите кредити, и нивно уништување!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на граѓаните и Македонија!

Претходно КРИМИНАЛЦИ ЕДНИ, ДОСТА ГИ МАНИПУЛИРАТИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СО СУБВЕНЦИИ, НИВ ИМ ТРЕБА ЗАГАРАНТИРАН ОТКУП И ПРОФИТАБИЛНА ЦЕНА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ