ИТНО ЗАТВАРАЊЕ НА КОЦКАРНИЦИТЕ, ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ, АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ И КРИМИНАЛНИТЕ БИЗНИСИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ

Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија прерасна во еден од НАЈПРОФИТАБИЛНИТЕ бизниси во државата, додека илјадници семејства секојдневно се соочуваат со долгови, сиромаштија и зависност. Овој податок поврзи го со блокираните сметки на граѓаните и заработка на брзите кредити, извршителите и нотарите во Македонија.
Додека јавноста секојдневно слуша за сиромаштија, иселување и економска криза, податоците покажуваат дека само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Оваа бројка јасно покажува дека коцкарската индустрија прерасна во еден од најпрофитабилните бизниси во државата.
Но зад овие милијарди стои и една друга, многу потемна реалност — илјадници семејства заглавени во долгови, блокирани сметки и финансиска безизлезност. Според јавно изнесени информации, во Македонија има околу 120.000 граѓани со блокирани сметки, што е алармантен показател за длабоката должничка криза во државата.
Кога зависноста од коцкање ќе ги исцрпи личните приходи, многумина спас бараат во брзи кредити — кредити со високи камати и кратки рокови, кои дополнително ги туркаат граѓаните во должничка спирала. А кога долговите не можат да се вратат, профитира целиот синџир: компаниите за брзи кредити, извршителите и нотарите. Така, од една страна граѓаните губат пари во казина и обложувалници, а од друга страна плаќаат камати, трошоци за извршување и нотарски услуги.
Се создава затворен круг во кој најмногу страдаат обичните граѓани, додека финансискиот систем околу нивниот долг продолжува да заработува. Коцкањето повеќе не е само „забава“ или индивидуален проблем — тоа станува сериозен социјален и економски проблем што директно влијае врз сиромаштијата, задолженоста и распадот на семејствата и Македонија.
ДЕМОКРАТИ се борат против коцкањето и брзите кредити за доброто на граѓаните и Македонија!

Претходно БЕЗ МЛАДИ МАКЕДОНИЈА НЕМА ИДНИНА, А ОВИЕ НА ВЛАСТ ГИ БРКААТ МЛАДИТЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ