МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА НА СИТЕ ЗАЕДНИЦИ, НО ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО ДРЖАВАТА

Демократи најостро ги осудуваат протестите за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем и обидите за политичка злоупотреба на на албанскиот јазик во институциите.
Особено загрижува фактот, што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави: Косово и Албанија, што претставува обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Македонија.
Очигледно е дека зад овие активности стојат луѓе кои се обидуваат преку националистичка реторика и етнички тензии, да предизвикаат дестабилизација на државата, за да добијат политички поени.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот правосуден систем да функционира на македонски јазик кој е службен јазик на државата.
ДЕМОКРАТИ ја повикуваат Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог да изнајде решение кое ќе обезбеди:
– Целосно почитување на јазичните права на сите заедници но, да се знае кој е службен јазик во државата;
-Задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на функции и правосудни функции;
-Зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава и почитување на јазичните права на сите заедници!

Претходно ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ ДЕМОКРАТИ ЈА ВОДАТ КАМПАЊАТА ПРОТИВ ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЦИ НА НАЈПЛОДНОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ…

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ