Билал Касами, скандалозно го отвори новиот булевар ,,Благоја Тоска” во Тетово, како и секогаш со отворена
провокација кон македонската држава, Уставот и непочитување на соживотот во Тетово.
Наместо државнички чин, кој ќе ги обедини сите граѓани, Касами беше организатор на етнички –
политички перформанс, каде Македонците беа целосно избришани и понижени.
На настанот немаше ниту еден Македонец како претставник на институциите, немаше ниту едно македонско знаме, ниту пак беше испратена порака дека новиот булевар им припаѓа на сите граѓани.
Наместо тоа, јавноста виде перформанс само со албански фолклорни носии, етнички симболи и патриотски песни со кои Касами уште еднаш демонстрираше, дека општината ја доживува како приватен етнички пашалак, а не како локална самоуправа на сите жители.
ДЕМОКРАТИ го осудуваат овој пропуст на Касами, кој за жал не е прв. Ова е свесна и континуирана политика на етничка сегрегација и демонстрација на политички иредентизам и шовинизам од негова страна.
Веќе трет мандат по ред, Касами наместо соживот, прави поделби на граѓаните во Тетово на „наши“ и „ваши“, а институциите молчат и го дозволуваат тоа.
ДЕМОКРАТИ јавно го прашуваат Касами: До кога ќе ја понижува македонската држава, ќе го омаловажува македонскиот народ и ќе прави поделби?
Булеварите и патиштата не се подарок од Касами, туку тие се градат и со пари од Македонците, Турците, Ромите, Бошнаците, Торбешите и сите други даночни обврзници, а не само од една етничка заедница.
Касами мора да разбере дека живее и дејствува во држава со Устав, закони и државни симболи, кои мора да се почитуваат.
ДЕМОКРАТИ бараат итна реакција од надлежните институции и поведување соодветна политичка и институционална одговорност за ширење етничка нетрпеливост, дискриминација и омаловажување на државните симболи и принципите на соживот.
Доколку институциите и овој пат молчат, директно се соучесници во продлабочувањето на поделбите и прават меѓуетнички тензии во државата.
ДЕМОКРАТИ најостро ги осудуваат постапките на непочитување на Уставот, законите и државните симболи на Македонија и бараат ИТНА оставка од Касами како градоначалник на Општина Тетово!


