Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Мицкоски го прикажува како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса расипнички се празни.
Додека министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска не знае што зборува и “како да сонува бајки”, граѓаните треба да знаат дека државата е задолжена “до гуша”, со огромни ризици и економски тоне.
Владата повторно зема нов кредит од 260 милиони евра, а ќе враќа над 326 милиони евра. Само за камати и провизии граѓаните ќе платат над 66 милиони евра повеќе. Тоа е цената на оваа неспособна власт, која за жал, ќе ја плаќаат идните генерации.
Исто така, кредитот е со варијабилна каматна стапка, што значи дека со секое зголемување на каматите од Европската централна банка и со секоја нова глобална економска нестабилност, ќе расте и долгот на Македонија. Дополнително, Владата веднаш плаќа и 3,64 милиони евра еднократна провизија, само за да може да се задолжи.
ДЕМОКРАТИ подолго време укажуваат на погрешната финансиска политика на Владата која наместо поволни развојни кредити, зема скапи комерцијални кредити и не ги троши на стратешки инвестиции, туку на тендери. Притоа, најголем дел од парите завршуваат во нивните џебови и кај партиските послушници, а народот е во должничко ропство со долгови, кои
за жал, ќе ги отплаќаат идните генерации!
ДЕМОКРАТИ предупредуваат дека ова задолжување е уште еден доказ дека економијата е во слободен пад, Владата нема економска стратегија, ниту развоен план, а уште помалку визија, за економски развој на државата. Исто како и со т.н. унгарски кредит, парите повторно ќе се трошат нетранспарентно, на незначајни проекти, наместо нови производствени капацитети, стратешки инвестици и долгорочни развојни проекти. Има само нови долгови, нови камати и нов товар врз грбот на народот.
ДЕМОКРАТИ сметаат
дека Владата ја турка Македонија во должничко ропство на постојано задолжување, заради покривање на буџетски дупки, создадени од нејзиното неспособно и расипничко владеење.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за врвна економија и стратешки инвестиции, а се против задолжување со нови кредити!


