Повеќе од јасно е дека Премиерот Мицкоски е далеку од реалноста и дека глумењето лудило, често не е глумење. Нема дилема дека тој и неговата Влада се главна причина за егзодусот на младите од државата, и немаат никаква
стратегија, за да ги задржат младите во Македонија.
И затоа кога во еден момент ќе рече: „Младите не смеат да ја доживуваат државата како место од кое треба да заминат за да успеат, туку како место каде можат да ја реализираат својата иднина“, веќе со следната реченица се демантира самиот и појаснува дека: „Не можеме да бараме привремена работа некаде во некои земји, да придонесуваме за туѓата економија неколку месеци во годината и да плаќаме таму даноци, а да бараме од нашиот здравствен систем
бесплатно здравствено осигурување“.
За жал, тоа се негови зборови, со кои покажува колку не се грижи за младите да ги задржи, да не заминуваат од државата.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека празната државна каса и неговата опседнатост со пари, се причина што без срам сака на младите да им го извлече и последното евро, последниот долар заработен за време на летните месеци во некоја нормална земја.
Зарем под овие околности и вакви изјави од премиерот Мицкоски, младите ќе сакаат да останат во Македонија?
Поради тоа што оваа власт нема слух за младите и никаква стратегија за да ги задржи во земјата, тие уште од средношколски клупи размислуваат за студирање и работа во странство. Најчесто зборуваат за аплицирање визи, учење странски јазици, размена на студенти, сезонска работа во некоја земја со нормален систем…
Тие не бегаат затоа што не ја сакаат оваа земја, туку бараат подобро место за живеење, нормален систем каде ќе се цени нивното образование, квалитет, труд, можност да напредуваат со квалитет, а не партиски книшки и лепење плакати за криминалните партии и ќе бидат добро платени.
За жал, едноставно заминуваат, ги напуштаат своите најблиски (се уништуваат фамилиите), не дека не ја сакаат татковината и своите семејства, туку затоа што се приморани на тоа.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на Македонија, граѓаните и младите!


