Делото на светите браќа Кирил и Методиј е темел на словенската писменост, култура и духовност. Нивната мисија претставува вечен симбол на знаењето, просветителството и борбата за зачувување на јазикот и идентитетот.
Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, писмо и културно наследство, како најголемо богатство што ни го оставиле нашите предци.
Нека е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!


