ДЕМОКРАТИ беа информирани од група граѓани дека во Тетово, во многу тешки и нехумани услови во стан живеат мајка и ќерка Ирена и Неда, на кои итно им е потребна помош.
Ќерката (околу 50 години) е целосно неподвижна од раѓање поради церебрална парализа, а мајката (околу 80 години), која преживеала мозочен удар, едвај се движи и повеќе не е во состојба сама да се грижи за неа.
По смртта на сопругот, состојбата дополнително се влошила. Според соседите, условите за живот се алармантни и потребна е ИТНА реакција и помош од институциите и хуманите луѓе.
Соседите повеќепати пријавувале во Центарот за социјална работа, но досега нема конкретна помош и решение.
ДЕМОКРАТИ апелираат до надлежните институции за ИТНА ПОМОШ:
– Центарот за социјална работа – Тетово
– Болница Тетово
– Црвен крст Тетово
– Општина Тетово
– Хуманитарни организации и сите хумани граѓани.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат надлежните институции и сите хумани граѓани ИТНО да реагираат на ул.,,Маршал Тито” бр.102 стан бр.4, Тетово и да помогнат овие две жени да добијат достоинствени услови за живот, медицинска нега и човечка грижа.
ДЕМОКРАТИ: Да покажиме хуманост! Никој не смее да биде заборавен!


