Во Собранието по скратена постапка беа донесени измените на Законот за студентски стандард, со кој се намалуваат стипендиите за студенти од социјално ранливите категории, попреченост и ретки болести и за студенти кои постигнале особен успех во учењето.
“Од вкупниот број на стипендии, од 49% се намалуваат на 40% стипендиите за студенти од социјалните категории, студенти со попреченост и ретки болести и од 30% на 25% се кратат за студенти кои постигнале особен успех во учењето.“
Во образложението за
измените на Законот за студентскиот стандард се допрецизираат условите за и се воведуваат нови одредби во однос на реконструкцијата на студентските домови.
Се воведува системска класификација на студентските домови според годината на изградба на објектот, степенот на реконструкција и се прецизира работењето на домовите во услови на целосна реконструкција.
Само декларативно
се ветуваат европски стандарди, а власта по скратена постапка ги донесе измените на Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите.
Ова е огромен удар за студентите од социјално загрозените семејства, студенти со попреченост и со ретки болести, но и кон оние кои покажуваат успех во учењето.
Исто така со измените на Законот се врши дискриминација на студенти во реконструирани и нереконструирани домови. Во такви услови студентскиот дом за студентите кои се сместени во домот, може да организира привремено сместување во друг објект. Со други зборови, за подобар стандард, студентите ќе мора да плаќаат повеќе од свој џеб, иако обврска на државата е да обезбеди достоинствен студентски живот.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека со овие измени – кратењето на социјалните и стипендии на одличните студенти, зголемувањето на трошоците за престој во реновирани домови и негрижата за сместување при реконструкција, јасно покажуваат дека за власта студентскиот стандард е само трошок кој треба да се скрати, а не инвестиција во младите студенти, кои се иднината на земјата.
Додека власта ги крати стипендиите за социјалните категории, студентите со посебни потреби и со ретки болести, како и за одличните студенти, наместо да ги зголеми и да го подобри студентскиот стандард и условите во студентските домовите, младите масовно си заминуваат од државата.
ДЕМОКРАТИ предлагаат власта ИТНО да ги скрати бенефициите на функционерите, наместо стипендиите на студентите!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за подобри услови за студирање и стандардот на студентите!


