ЕУ за жал, има огромен проблем, кој самата го има креирано и само Унијата со своите 27 членки мора итно да го решат, за успешно да продолжи да функционира.
Поранешниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел испрати порака дека едногласноста во Унијата ги кочи одлуките. Тој
остро го критикуваше начинот на функционирање на Унијата и оцени дека неуспехот да се обедини за клучните прашања, ја поткопува улогата на ЕУ на глобалната сцена.
Според Борел:”Помала основна група во рамките на ЕУ, би можела да се движи побрзо и подалеку”. Притоа тој истакна дека:”Правилата за донесување одлуки не се компатибилни со забрзувањето на историјата. Ние продолжуваме да сакаме едногласно да одлучуваме за настани што се случуваат пребрзо, и кои се многу важни, и речиси никогаш не постигнуваме договор. Треба да изградиме Унија во рамките на Унијата. Со 27 членки, дури и со едногласност, нема да одиме понатаму”, изјави Борел.
Многу од членките не се откажуваат од правото на блокада во клучните области како: проширувањето, заедничката надворешна и безбедносна политика, оданочувањето и делови од буџетот, каде одлуките се носат едногласно.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека правото на вето ја ограничува Унијата во донесувањето одлуки за проширувањето и други клучни области, и притоа само една членка има право да ги кочи одлуките на останатите. ЕУ треба да го надмине ова и да биде подемократска, зошто под овие околности таа не само што не наликува на демократска, туку наликува повеќе на земјите каде што владее диктатура.
Со новите правила за пристапување кон ЕУ, за разлика од порано, процесот е многу посложен и пристапувањето на нови членки оди премногу бавно, а со тоа губат и земјите-кандидати, но и самата Унија. Поради тоа, потребно е менување на законите на Унијата,воведување на мнозински модел на гласање за проширувањето на Унијата и други клучни прашања.
ДЕМОКРАТИ се проевропски ориентирани и се залагаат Македонија да биде дел од ЕУ!


