Пациенти кои се лекуваат на Универзитетска клиника за хематологија-Скопје, укажуваат на сериозни проблеми во функционирањето на установата.
Пациентите се соочуваат со недостиг од терапии и основни медицински материјали, меѓу кои: шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и сл.
Притоа, на клиниката бил воспоставен систем, во кој лекарите за секоја терапија и интервенција морале да бараат одобрување од директорката Соња Генадиева-Ставриќ, преку телефонски повици и пораки. Исто така, на одредени пациенти им биле кратени терапии спротивно на медицинските индикации.
ДЕМОКРАТИ најстрого го осудуваат ваквиот нехуман и неодговорен однос кон пациентите и го повикуваат директорот на Државен здравствен инспекторат, Кирил Лазов, да спроведе вонреден инспекциски надзор, со цел да се провери состојбата со терапиите, набавките и начинот на носење одлуки на клиниката.
Доколку овие наводи од пациенти се точни, станува збор за сериозен проблем на Клиниката, за кој мора да има одговорност и санкции.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за бесплатно и врвно здравство за доброто на граѓаните!


