Мешовитата историска комисија од формирањето до денес, заседава во Македонија и Бугарија вкупно 42 пати. Состаноци и службени патувања има но, напредок и резултати нема, освен енормно трошење народни пари.
Овој пат мешовитата историска комисија заглави во точката: 11 век, во учебникот по историја за седмо одделение (а таму е заглавена уште пред 6 години).
Досега Комисијата има усвоено само препораки за заедничко чествување на пет историски личности: Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија.
Новиот состав на македонските историчари во мешовитата комисија беше избран од Владата во септември 2024 година, кога како копретседавач беше именуван професорот Ванчо Ѓорѓиев, додека за членови беа именувани професорите Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Од тогаш до денес, за околу две години, нема никакви резултати, ниту пак напредок од работата на Комисијата.
ДЕМОКРАТИ одамна предлагаат ИТНО УКИНУВАЊЕ на мешовитата историска комисија. ТРЕБА ДА СИ ЛУД ДА ИМАШ МЕШОВИТА ИСТОРИСКА КОМИСИЈА СО БУГАРИЈА И ДА СЕ ДОКАЖУВАШЕ ДЕКА СИ МАКЕДОНЕЦ, ДЕКА ИМАШ СВОЈА ИСТОРИЈА, ЈАЗИК И КУЛТУРА.


