НА КОЈ МУ ПРИПАЃААТ ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА, НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ИЛИ НА СИСТЕМОТ?

Во Македонија денес има околу 340.000 пензионери. Мнозинство од нив се членови на пензионерските здруженија. Но, дали пензионерските здруженија денес навистина им припаѓаат на пензионерите или прераснаа во затворен систем кој функционира повеќе институционално, отколку како доброволно граѓанско здружување?
Најдобар пример за оваа дилема е функционирањето на Солидарниот фонд за посмртна помош. Речиси сите пензионери издвојуваат средства за оваа намена, а системот фактички функционира преку ПИОМ и државниот трезор. Во практика тоа веќе има карактеристики на јавен социјален механизам, иако формално е поврзан со граѓанско здружување.
ДЕМОКРАТИ поставуваат логично прашање: ако скоро сите пензионери учествуваат во овој систем, ако средствата се собираат преку државен механизам и ако станува збор за социјална потреба која ги засега сите, тогаш зошто посмртната отпремнина не би била законски гарантирано право на сите пензионери преку системот на ПИОМ?
Во повеќе европски држави ваквите права се дел од системот на социјално и пензиско осигурување. Само кај нас се одржува модел во кој пензионерите практично сами си ја финансираат посмртната помош, преку систем кој формално е доброволен, а реално функционира како масовен и речиси задолжителен механизам.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека е потребно јасно разграничување меѓу социјалните права на пензионерите и доброволното здружување. Посмртната отпремнина треба да биде законски гарантирано право за сите пензионери, а пензионерските здруженија да функционираат врз вистински доброволно членство и јасно изразена согласност. Исто така потребна е и поинаква визија за улогата на пензионерските организации.
Пензионерите не се пасивна категорија граѓани. Токму затоа тие имаат полно право нивните организации да бидат подемократски,
поотворени и транспарентни, а пензионерите да не бидат само бројка во системот, туку вистински носители на сопственото организирање и достоинство.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за подобар стандард (30.000 денари минимална пензија), бесплатно здравство и поголеми права на пензионерите!

Претходно НЕ ДОАЃАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА КРАДЕМЕ И ЛАЖЕМЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ