Во Македонија повеќе не е прашање дали постојат закони. Прашањето е зошто тие не се применуваат подеднакво за сите – вклучително и за оние што ги спроведуваат.
Судската функција не е привилегија без контрола.
Таа подразбира одговорност!
Кога постојат основани сомневања дека одлуките се донесуваат под влијание, од интерес или други причини, тоа повеќе не е индивидуален проблем. Тоа е институционален проблем што ја уништува довербата на граѓаните.
Европската унија не бара невозможното од Македонија. Таа бара минимум: судството да биде независно и одговорно.
И граѓаните на Македонија го бараат истото.
Европската комисија постојано укажува на истите слабости – недоволна одговорност, селективна примена на законот и отсуство на епилог во клучни случаи.
Ова не се политички проценки. Ова се факти што имаат директни последици врз животот на граѓаните.
Судиите што работат во согласност со законот мора да бидат заштитени.
Судиите кои не работат во согласност со законот мора да ги сносат последиците.
Нема простор за трговија, компромис или молчење помеѓу овие две точки.
Без лична одговорност на носителите на судски функции, нема независност на судството.
А без независно судство, нема држава во која законот важи за сите.
Затоа, крајно време е одговорноста да престане да биде исклучок – и да стане правило!
Време е за одговорност на судството! Затоа ДЕМОКРАТИ ПРЕДЛАГААТ:
1. Измена на Кривичниот законик!
2. Минимум 10 години затворска казна до доживотна за криминалците судии, кои уништуваат човечки животи!
Дојде време кога СУДИИТЕ да се третираат како сите граѓани, а не повластени касти!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава!


