Од минимален долг од 60 денари за неплатен паркинг, преку извршител, сумата стигнува и до 200 евра.
Извршителите не го почитуваат Законот за облигациони односи, каде каматата не смее да е повисока од долгот, но и дека долгот по 10 години ќе застари.
Извештајот покажува дека за овие 18 години преку извршителите биле наплатени близу 2 милијарди евра од должниците-сиромашните граѓани. Поточно ова е пљачка на столетието!
ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Долговите да застаруваат за 3 години, а не како што е до сега за10 години.
2. Да се укинат крвожедните извршители и должничко-доверителни односи да се решаваат по судовите.
3. Да се донесе закон да се амнестираат долговите на сиромашните граѓани, а не на политичките криминалци.
4. Да се донесе закон физички и правни лица да можат да прогласат банкрот.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава, во која најсиромашните граѓани ќе бидат заштитени, наместо да бидат пљачкани од државата!


