МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СО НАЈНИЗОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД, А ПРИБЛИЖНО ИСТИ ЦЕНИ

Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Македонија е земјата во Европа со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 55 % од просекот на Европската Унија. Највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска.
Сепак, економистите предупредуваат дека пониското ниво на цени не значи автоматски и повисок животен стандард, бидејќи цените во голема мера се поврзани со нивото на плати и продуктивноста на економијата. Затоа жителите на побогатите европски земји, иако плаќаат повеќе за стоки и услуги, честопати имаат поголема куповна моќ од граѓаните на земјите со пониски цени, благодарение на значително повисоките приходи. Токму затоа, при споредувањето на животниот стандард, Евростат, покрај нивото на цените, анализира и индикатори како што се куповната моќ на населението и реалната лична потрошувачка, кои даваат пореална слика за квалитетот на животот. Иако Македонија се рангира меѓу најевтините европски земји според вкупното ниво на цени, цените не се подеднакво ниски во сите категории.
Така, кога станува збор за храна и безалкохолни пијалоци, цените во Македонија достигнаа околу 74,8 проценти од просекот на Европската Унија. Во исто време, информациската опрема во Македонија е на ниво на просекот на Европската Унија, додека цените на апаратите за домаќинство се за 10 % пониски од европскиот просек. Спротивно на тоа, цените на енергијата се околу 52,6 проценти од просекот на Европската Унија и е највисока од земјите во регионот.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека, ако имаме во предвид дека во Македонија имаме најниски плати, куповната моќ на граѓаните е премногу мала, сепак, имаме енормно високи цени на енергенсите, а особено на прехранбените производи, цигарите, алкохолот и безалкохолните пијалоци, скоро како и во останатите европски држави.
За жал, граѓаните во Македонија имаат најнизок животен стандард во споредба со другите европски држави, голем дел едвај преживуваат, а цените на производите и услугите се приближно исти како и во другите европски држави.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за повисок животен стандард на граѓаните во Македонија!

Претходно КОЈ МОЖЕ ДА ГАРАНТИРА БИЛО ЧИЈА БЕЗБЕДНОСТ ВО ЗОО СКОПЈЕ!?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ