Замислете почитувани граѓани, Владо Бучковски, осудениот криминалец на 3,5 години затвор на кој му застаре делото, е избран за претседател на Сенатот на УКИМ.
Универзитетскиот Сенат е еден од највисоките академски органи и донесува одлуки за наставната, научната и развојната дејност на најголемиот државен универзитет во земјата.
ДЕМОКРАТИ сакаат да ја информираат и потсетат јавноста кој е Владо Бучковски:
Против него беше поведена кривична постапка во 2007 година, од страна на обвинителството, за случајот „Тенковски делови“.
Кривичниот Суд во Скопје го прогласи поранешниот премиер, министер за одбрана и лидер на СДС Владо Бучковски за виновен, за злоупотреба на службената положба и овластувања, во време кога тој беше министер за одбрана.
Тој и уште тројца беа осудени за злоупотреба на службената положба и купување на делови за тенкови Т-55, четири пати повеќе од потребното. Според обвинителството, тој и тројцата сторители ја оштетиле државната каса со неколку милиони евра.
Но, за жал, неговото дело застаре, како и на многу политички криминалци, потпомогнати од криминалниот Кривичен законик, кој е донесен во нивна корист во криминалното Собрание на Република Македонија и е потпомогнато од криминалното судство.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за правна и функционална држава и за најстроги казни за политичките криминалци!


