Грант од 4,6 милиони евра неповратни средства беше доделен од Швајцарија во Јули 2018 година за подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура во Гостивар.
Вкупната сума што требаше да се инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во Гостивар е 7,2 милиона евра. Овие средства беа наменети за набавка на опрема за откривање на протекување вода и со тоа намалување на загубите на вода, потоа за нови резервоари и цевководи и подобрување на мрежата.
Покрај грантот од Швајцарија, Гостивар за реализација на овој проект ќе добиеше и 250.000 евра грант од КфВ банка, како и заем од Владата во износ од 1,7 милиони евра. Исто така, општината требаше да учествува со сопствени средства во проектот, во износ од 682.000 евра.
Грант средства за комунални проекти од КфВ банка беше планирано да се доделат и за општините Радовиш и Кавадарци.
ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ:
– Каде отидоа повеќе од 7 милиони евра доделени во 2018 година?
– Кој ги украде парите за изградба на модерен водовот во Гостивар?
Градоначалникот Таравари и ДУИ располагаа со парите наменети за водоводот и тие ИТНО да дадат одговор каде завршиле парите!
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат надлежните институции, Јавното обвинителство и МВР да испитаат во кои џепови завршиле парите за водоводот и итно да поднесат кривични пријави за пљачкашите!
ДЕМОКРАТИ апелираат ваквите грантови кои се доделуваат на општините, строго да се контролираат и да не се дозволи злоупотреба и криминал од страна на општинските власти.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат против криминалот и корупцијата за доброто на граѓаните и Македонија!


