ДИВЕЕЊЕ НА УРБАНАТА МАФИЈА ВО ОХРИД

Жителите во две станбени згради во строгиот центар на Охрид се оставени без единствениот пристап до своите влезови, поради тоа што градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за градба на нова зграда, токму на единствената улица која ги поврзува нивните домови.
И покрај тоа што со урбанистичкиот план се предвидени алтернативни улици, Општина Охрид и Пецаков цели пет години не презеле ниту една активност за нивна изградба. Наместо прво да обезбедат пристап за жителите, властите му овозможија на инвеститорот да започне со градежни работи и да го уништи единствениот постоечки влез до двете згради.
Жителите од овие згради, со години водат институционална битка за да им се обезбеди пристап пред започнувањето на градбата. Наместо решение, молк од институциите и арогантното однесување од страна на градоначалникот Пецаков.
Државниот завод за ревизија и УНЕСКО констатираат дека охридскиот регион останува заробен од бесправната урбанизација, додека дивоградбите не се отстрануваат. Наместо постапување по препораките на УНЕСКО, властите бараат нови рокови, иако нивниот градоначалник Пецаков веќе пет години ја има локалната власт, без ниту еден резултат во спроведувањето на препораките и без ниту една рушена дивоградба.
ДЕМОКРАТИ одамна жестоко реагираат да се спречи урбаната мафија низ целата држава, особено во Охрид. Ликот на градот под УНЕСКО брутално се уништува, а Охрид е буквално под окупација на урбаната мафија, на чело со градоначалникот Кирил Пецаков.
ДЕМОКРАТИ алармираат поради тоа што градежни фирми блиски до охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, го узурпираат секој јавен простор и рушат историски објекти за да никнат нови згради, затоа што криминалната матрица на оваа власт е мотивирана само од желбата за лично богатење. Ова дивеење на градежната мафија во Охрид и во другите градови, мора да престане!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат против незаконско и нелегално градење и уништување на животната средина!

Претходно ПОЛИТИЧАРИТЕ-КРИМИНАЛЦИ НАЈПОВЕЌЕ ГИ САКААТ ЗАСПАНИТЕ МАСИ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ