ЗА ШТО ГИ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ НА БИТОЛА

Општина Битола потпишала договори за 4.000.000 денари за (јадење-пиење-спиење) услуги, за само една година.
На електронскиот систем за јавни набавки се наоѓа тендер „тежок“ 4.000.000 денари за хотелски сместувања, ресторантски услуги и свечени коктел-приеми.
На тендерот се јавиле Аурум, Хотел Премиер, Капри, Хотел Театар, Белата куќа, Ресторан Адриатик, Молика и Шумски фенери.
Општината потпишала рамковна спогодба а
во однос на понудените цени, разликата е огромна.
Од 2023 година, па заклучно со оваа година, Општина Битола за репрезентативни „јадење-пиење-спиење“ услуги, потпишала договори во вкупен износ од неверојатни 14.600.000 денари. Тоа се во просек по околу 3.650.000 денари годишно, или нешто повеќе од 300.000 денари секој месец.
Додека граѓаните чекаат да се закрпат дупките по улиците и да се решат основните урбани маки, општинската администрација и нивните гости месечно „јадат, пијат и преспиваат” околу 5.000 евра месечно.
Рамковната спогодба им дава право на општинските власти самите да бираат на чии сметки ќе ги префрлаат овие 4 милиони денари во следните 12 месеци.
ДЕМОКРАТИ сакаат да ги потсетат граѓаните на Битола дека изгласаа погрешни личности за градоначалник и советници, кои и до сега докажаа дека не им е воопшто грижа за градот и граѓаните на Битола. После вакви слични тендери, дали ќе се водат по логиката на пазарот и ќе штедат, или пак парите ќе заминат на коктели, јадење, пиење, спиење, oстанува да видиме преку реалната реализација на договорите.
Едно е сигурно. Битолчани уште долго ќе ја плаќаат сметката, а проблемите во градот сигурно нема да бидат решени со вакво недомаќинско работење на општинската власт.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за домаќинско работење и брзо и ефикасно решавање на клучните проблеми на Битола и битолчани!

Претходно ЗОШТО БЕГААТ МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА?!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ