Народната банка објави податоци дека цените на становите во Скопје во вториот квартал од 2026 година пораснаа за 13,3%.
Исто така, според најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности, се забележува драстичен пад на продажбата на нови станови, а градежните профитери се соочуваат со празни згради и блокиран капитал.
Во првите три месеци од годинава, вкупниот број на купопродажни договори и договори за закуп бележи драстичен пад од 16,4 отсто во споредба со последниот квартал од минатата година. Ова е директен показател дека пазарната активност со станови е во сериозен застој. Граѓаните масовно се повлекуваат од купување, решени да не влегуваат во доживотни должнички ропства, за станови кои реално вредат многу помалку.
Бројот на продадени станови во првиот квартал буквално доживеа колапс, со пад од огромни 27 % во однос на претходното тримесечје. Заедно со падот на продажбата, логично, се стопи и финансиската моќ на пазарот, па вкупната финансиска вредност на продадените станови е намалена за 23 % и е далеку под очекувањата на инвеститорите и бележи сериозен пад во споредба со минатите години.
Граѓаните исцрпени од економската криза и сиромаштија, во услови на постојаното поскапување на животните трошоци и становите, немаат финансиска моќ да купуваат станови по астрономски цени, кои цени вештачки растат секој ден, потпомогнати од властите и институциите.
ДЕМОКРАТИ подолго време укажуваат на тоа дека инвеститорите со помош на властите се урбана мафија, која безмилосно ги бетонизира градовите, со цел брза и лесна заработувачка, (градат без стандарди, неквалитетно, без паркинзи, без паркови).
ДЕМОКРАТИ предлагаат повеќе мерки како да се намалат астрономските цени на становите и заузда урбаната мафија која прави огромни профити со вештачко зголемување на цените:
1. Формирање државни фирми кои ќе градат станови по пристапни-реални цени и ќе им бидат конкуренција на урбаната мафија!
1. Државата треба прогресивно да го зголеми данокот на имот на станови!
2. За првиот стан треба да се плаќа минимален данок на имот. За вториот стан двојно повеќе од првиот, а се над тоа на едно физичко лице треба да се оданочува десеткратно!
3. Фирмите не смеат да продаваат неизградени станови, туку само готови со технички преглед и со вклучени паркинг места, а исто така не смеат да ги чуваат непродадени повеќе од две години!
4. Секој што гради нелегално да се урни или оданочи во висина од 50 проценти од вредноста на градбата!
5. Да се укине институтот позајмица за градење (тоа е перење на црни пари)!
Само удар врз градежната мафија, ќе ги намали цените на недвижностите (становите, куќите, деловниот простор)!
Бизнисот има правила, успеваш или пропаѓаш, а не да се крадат граѓаните за да се богатат тие што градат!
Сега во градежништвото го нема тоа, само мафијашко енормно богатење на градежната мафија здружени со криминалците-политичари (градоначалници, советници, функционери), кои им го овозможуваат тоа!
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат против астрономските цени на становите за доброто на граѓаните и Македонија!
ДЕМОКРАТИ велат СТОП за градежните моќници-урбаната мафија, политичарите криминалци и астрономските цени на становите!


