Додека граѓаните се соочуваат со загадена вода, повисоки сметки за струја и постојан раст на цените, ретко гледаме масовен граѓански отпор и барање одговорност од институциите.
Но, кога криминалните политички партии организираат митинзи или протести, за кратко време се полнат автобуси и улици.
Во изминатите три и пол децении, партиските интереси на владеачките партии, секогаш беа ставани пред интересите на граѓаните.
Наместо да се гради општество во кое секој ќе бара одговорност за прашањата што директно влијаат врз неговиот живот, создадена е атмосфера во која партиската припадност често е поважна од јавниот интерес.
ДЕМОКРАТИ веруваат дека Македонија нема да стане подобро место за живеење, сè додека граѓаните не станат најсилниот коректор на секоја власт, без разлика која партија ја предводи.
Здравата вода, достапната струја, пристојниот животен стандард и функционалните институции не се партиски прашања – тоа се основни права на секој граѓанин.
ДЕМОКРАТИ велат:
Време е да изградиме општество во кое граѓаните ќе се обединуваат околу своите права, а не само околу партиските знамиња.


