Туризмот во Битола со години наназад, не само што не се развива со поддршка на општината, туку и она малку што го имавме, особено на Пелистер, веќе е уништено.
Поминаа речиси 15 години од пожарот на планинарскиот дом Копанки, а оваа клучна туристичка точка на Пелистер, сè уште е недовршена. Градоначалникот Тони Коњановски лично ветуваше дека домот ќе биде готов летото 2025 година, но останаа само ветувања и роковите се поместени за 2027 година.
Но, ние како битолчани
сме свесни дека за изминатите 5 години градоначалникот Тони Коњановски и советниците не направија ништо добро во Битола, и не ги решија основните проблеми во градот, како ѓубрето, дупките по улиците, уличните кучиња и сл. а не пак, да го развијат туризмот во Битола, бидејќи за неспособниот градоначалник и советниците развојот на туризмот е научна фантастика.
Програмата за туризам во Битола со години е под мизерни 0,3% од вкупниот општински буџет. Уште пошокантно е како се трошат и тие малку пари. Дури 75% од туристичкиот буџет за 2026 година (6 милиони од вкупните 8 милиони денари) се „истураат“ за само еден месец, за манифестацијата „Зимска приказна“. Локалната власт веројатно свесно избира евтин новогодишен популизам, жртвувајќи го развојот на туризмот во преостанатите 11 месеци од годината.
Освен “Зимската приказна” и “Битолско културно лето”, со години наназад во Битола нема други културни манифестации и проекти.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека Битола, со сиот свој огромен капацитет за развој на туризмот, со години наназад тапка во место, и остана затворена и неразвиена туристичка дестинација, поради неспособната локална власт.
Туризмот во Битола е со децении оставен на маргините.
Битола има културно наследство и природни убавини за кои многу развиени дестинации можат само да сонуваат. Но, сè додека со овој потенцијал менаџира сегашната власт, со лажни рокови и евтин популизам, градот ќе остане само пропуштена шанса на туристичката мапа.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на Битола и нејзините граѓани!


