Здравството денес се соочува со сериозни предизвици. Долги листи на чекање, недостиг од лекари, медицински сестри, медицински персонал, квалитетни лекови, застарена опрема и нееднаков пристап до здравствени услуги, се клучните проблеми, кои граѓаните секојдневно ги чувствуваат.
ДЕМОКРАТИ не нудат само критики – нудат конкретни предлози, идеи и решенија.
Нашите предлози и решенија да имаме ефикасно и врвно здравство се следните:
1. Закон за достоинствено јавно здравство
Обезбедување еднаков пристап до здравствена заштита за секој граѓанин, без разлика каде живее.
Јакнење на примарната здравствена заштита и подобра поврзаност со специјалистичките и болничките услуги.
2. Закон за намалување на листите на чекање
Утврдување максимални рокови за специјалистички прегледи, дијагностички процедури и операции.
Јавен и транспарентен електронски систем за следење на листите на чекање.
3. Закон за модернизација на здравствените установи
Континуирано обновување на медицинската опрема.
Изградба на повеќе помали современи клинички центри низ Македонија, а не еден мамутски центар во Скопје а исто така, и реконструкција и модернизација на постоечките јавните болници и здравствени домови.
4. Закон за здравствените работници.
Подобри услови за работа и повисоки плати.
Континуирана стручна едукација.
Мерки за задржување на лекарите, медицинските сестри и другите здравствени работници во Македонија.
5. Закон за превентивна здравствена заштита.
Бесплатни превентивни прегледи според возраста и ризикот.
Национални програми за рано откривање на најчестите заболувања.
Поголема здравствена едукација и промоција на здрави животни навики.
Што добиваат граѓаните?
Пократко чекање за прегледи и операции.
Поквалитетни здравствени услуги.
Современи болници и здравствени домови.
Мотивирани и подобро поддржани здравствени работници.
Подобра превенција и поголема грижа за здравјето на населението.
Здравјето е право на секој граѓанин. Затоа ДЕМОКРАТИ нудат предлози и решенија што ќе придонесат здравствениот систем да биде современ,
ефикасен,квалитетен, праведен и пред се достапен за сите граѓани.
ДЕМОКРАТИ секогаш се залагаат да имаме врвно здравство, како во европските држави!


