КАТАСТРОФАЛНИ ДЕМОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ, 3.000 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ

Годинава 3.000 првачиња помалку, ќе седнат во училишните клупи, во споредба со предходната година. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти катастрофални демографски податоци и нов демографски удар во септември но, не соопшти какви удари ги очекуваат просветните работници, поради драстичното намалување на бројот на учениците.
Со масовното заминување на младите стручни кадри од државата, особено последните години, драстично се намали и наталитетот, но исто така и повозрасни граѓани ја напуштаат државата, и поради тоа има голем одлив на ученици.
Младите ја напуштаат државата најчесто поради вработување и школување, криминалниот политички систем, нискиот животен стандард и немање никаква поддршка од властите, ниту пак некаква перспектива во земјата.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека тоа е резултат на 35 годишното владеење на криминални структури, кои освен лично богатење и корист, не направиле ништо добро за граѓаните, а посебно за учениците, студентите и младите стручни кадри.
ДЕМОКРАТИ апелираат одамна до властите да се донесат сет од мерки со кои младите стручни кадри и повозрасни граѓани ќе се задржат, да не ја напуштаат државата:
(бесплатно образование, поголеми стипендии, станови за млади по поволни цени, креирање работни места и позиции со добри плати и т.н.)
Исто така, само со развој на економијата, инвестиции во производството и изградба на фабрики, ќе се креираат добро платени работни места, со кои ќе се привлечат младите стручни кадри да останат во државата.
Во спротивно, ќе останеме без млада популација, без работна сила, со празни градинки и училишта, а тоа не е ништо друго, туку самоуништување и пропаст на државата.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за доброто на сите граѓани, а посебно на учениците, студентите и младите стручни кадри кои се иднината и силата на секоја држава!

Претходно ПОЗДРАВ ДО ДИМЧЕ ЛЕВИЦА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ