ПОДДРШКА ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Онколошките пациенти денес ќе протестираат пред Министерството за здравство, поради повторен недостиг на лекови на Клиниката за онкологија и проблемот со честите прекини во снабдувањето со терапија.
За недостигот на терапија деновиве алармираа и повеќе пациенти на социјалните мрежи. Дел од нив велат дека биле вратени без да ја примат терапијата, додека пациентите од другите градови секојдневно се
јавуваат за да проверат дали воопшто има лекови пред да патуваат до Скопје. Овие пациенти повторно се соочуваат со неизвесност и стрес, бидејќи не знаат дали ќе ја добијат потребната терапија навреме.
На Клиниката за онкологија, овојпат недостига не само биолошка терапија, туку и цитостатици и лекови што се на позитивната листа.
Недостигот на онколошка терапија е проблем на кој пациентите со години предупредуваат. Покрај нередовното снабдување со лекови, тие постојано укажуваат и на пренатрупаноста на Клиниката, условите за лекување и доцнењата во превентивните скрининг-програми.
ДЕМОКРАТИ алармираат дека Македонија пред две децениии беше лидер во Онкологијата. Каде сме сега? Превенцијата е запрена – ја немаме со децении, а законот за лекови е заглавен, пациентите страдаат!
Поради тоа ДЕМОКРАТИ бараат НАЈИТНО, еднаш за секогаш да се реши овој проблем со навремена набавка на терапија и лекови за онколошките пациенти. Овие прекини се повторуваат речиси секој месец и претставуваат сериозен проблем за пациентите, тоа НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ!
Во спротивно, бараме министерот за здравство Сашо Клековски, ИТНО да си поднесе оставка!

Претходно НЕМОЖЕВМЕ СИТЕ ДА ГИ СТАВИМЕ НА СЛИКАТА, ГИ ИМА МНОГУ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ