Во текот на минатата година бројот на вработени лица во Македонија изнесувал нешто над 600.000 лица. На годишно ниво бројот на вработени е речиси непроменет.
Според податоците од Државниот завод за статистика во преработувачката индустрија работат најмногу граѓани од земјава, односно нешто над 120.000. На второ место по бројноста е секторот трговија со 106.000 вработени. 45.000 се вработени во јавната управа и во образовниот сектор, а околу 30.000
вработени има во административните дејности, стручните дејности и угостителството. Над 35.000 вработени се во секторите транспорт и градежништво, а по
15.000 во финансиските дејности, уметност и забава, енергетскиот сектор и сл.
Бројот на вработените лица во Македонија во 2025 година е 614.334 лица, а во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот преработувачка индустрија за околу 5.2 %.
ДЕМОКРАТИ алармираат дека и покрај тоа што парите кои компаниите ги добија од унгарскиот кредит за подобрување на економијата, но и за зголемување на бројот на вработени, тоа засега реално не се случува на терен. Домашното производство нема промени, нема инвестиции и ниту пак подобрување на состојбите со недостатокот на работен кадар.
Владата наместо да инвестира во економијата, да се отвараат нови фабрики, производствени погони, електрани и да креира нови работни места, парите од унгарскиот кредит им ги префрли на општините за некои мали, ситни “проектчиња” (тротоарчиња, кружни текови, санирање на улици и сл.). Со вакви ситни “проектчиња” не се креира врвна економија и нови вработувања за жал.
Поради ваквите состојби,
младите стручни кадри, но и повозрасни лица, континуирано заминуваат од државата и бараат работа во странство.
ДЕМОКРАТИ се борат за развој на економијата, инвестиции во стопанството од две до три милјарди евра секоја година, наредни 15 години во изградба на фабрики, производствени погони, електрани, што би го поттикнале производството и би креирале стотици илјади нови работни места. Само така ќе креираме врвна економија, спречиме масовното иселување и ќе ги задржиме младите и повозрасни стручни кадри во Македонија!


