ЗА СИТЕ ВИЕ КОИ ГИ ЛАЖЕТЕ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА ДАТА-ЦЕНТРИТЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Орце Симов, професор и претседател на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации :
„Да бидеш против дата центар е исто како да си против хидроцентрали пред 100 години. Дата центарот можам да го дефинирам низ различни призми. Една од дефинициите која воопшто не е поврзана со тоа што всушност е дата центар е дека дата центар е мерка за економска развиеност на една земја. Тоа значи колку повеќе дата центри во една земја, толку повисок развој. На пример, највеќе дата центри има во САД, 4767, на второ место е Велика Британија со 569 дата центри, потоа следува Германија 533, Франција 393, Кина 376 и така натаму.
Дата центарот можам да го дефинирам низ призма на енергетика како голем потрошувач на енергија и создавач на топлина – Топлана на која може да се грееме како во Скандинавија на пример. Градежнички можам да го дефинирам и дека тоа е зграда во која живеат социјалните мрежи, интернет сервисите и вештачката интелигенција.
Но, ќе се задржам на суштинската дефиниција што е дата центар. Дата центар е капацитет (објект, зграда) во кој се наоѓаат голем број на компјутерски сервери кои служат за обработка и складирање на информации. За какви информации се работи, на пример ќе го земам Facebook. Facebook не работи на мобилниот телефон или на компјутерот од кој му пристапуваме. Каде се сместени сите слики, видеа, коментари лајкови и се што се поставува на таа мрежа? Сите тие податоци се складирани во тие така наречени дата центри. Таму има голем број на сервери кои се дистрибуирани низ повеќе локации во цел свет за да се складираат податоците и да се сервираат (испратат) до корисниците кога ќе пристапат на социјалната мрежа преку мобилен телефон или компјутер,
„Facebook“, „YouTube“, „Google“, „Amazon“, „Instagram“, електронското банкарство, дигиталните услуги, како и системите за вештачка интелигенција, не можат да функционираат без дата-центри.
Може многу да се зборува на темата и во детали да се објаснува. Ајде да видиме што значи тоа низ перспективата на Интернет сервиси. Дали може да постои Youtube без дата центар? Одгворот е Не. Facebook без дата центар, исто не, Amazon, Instagram, Google, Yahoo, Ali baba, Temu, електронско банкарство, дигитални услуги, ништо нема да има без дата центри. ChatGPT исто така, Claude (Antropic) и многу други.
Еден апсурд: Главната битка против дата центри се води на Интернет и социјални мрежи кои не би постоеле ако нема дата центри. Слична битка: 5G мрежи пред пет години, а сега сите сме на 5G.
Потрошувачка на електрична енергија: Дата центрите, особено ВИ дата центрите трошат многу електрична енергија. Но тие нема да ја трошат енергијата на граѓаните, тие ќе набавуваат електрична енергија на берзите за енергија како мемо или hupx.
Типови на ладење: Воздушно ладење – не троши вода. Immersion ладење – не троши вода. Директно ладење со течност, не троши вода затоа што е затворен систем. Ладење со испарување, троши вода (испарува во атмосферата) но таа со врнежи пак се враќа на земјата. Има уште неколку системи на ладење кои не трошат вода.
Во Германија „Google“ гради дата-центри со вкупна инвестиција од 5,5 милијарди евра.
Бенефитот низ друг агол: Македонија е земја во која има многу сончеви денови. До пред некое време барањата на граѓани и компании за градење на фотоволтаични системи во РКЕ беа со вкупна моќност од 7 GW. Нашите потреби отприлика се околу 1 GW. Значи немаме потрошувачи, затоа на многу барањата не им се одобрени. Ако се изградат дата центри, ќе има потрошувачи, на многумина може да им се одобрат барањата да произведуваат и да ја продаваат електричната енергија. На пример, ако имаме дата центри со потрошувачка од 1 GW може да се дадат одобренија за фотоволтаици за 3 GW, 1 GW зa тековна потрошувачка, 2 за складирање за временскиот период кога не работат фотоволтаиците (батерии, водород, пумпна хидроакумулациона електрана и други начини….). Темата е многу широка.
На што треба да се обрне внимание:
-Објектот да се направи по највисоки еколошки стандарди, Дата центарот да се направи на место кое нема да го попречува животот на локалното население, да се направи на место на кое има или дополнително ќе се направат доводи на електрична енергија со доволен капацитет за да не се загрози снабдувањето на постоечките потрошувачи
– Да си обезбеди електрична енергија на берзите за енергија по пазарни цени (тоа е така и според сегашната законска регулатива, спомнувам само да го нагласам тоа).
Во однос на ладењето, Симов посочува дека постојат повеќе технологии, од воздушно до затворени системи со течност, кои не бараат потрошувачка на вода. Кај системите со испарување има потрошувачка на вода, но дел од неа преку врнежите повторно се враќа во природниот циклус. Темата е широка но Македонија мора внимателно да го разгледа нивниот потенцијал и да создаде услови за инвестиции кажа професорот Симон.
ДЕМОКРАТИ се сложуваат со неговата изјава и ја поддржуваат изградбата на дата-центри, кои се екстремно корисни за развојот на уништената економија во Македонија.
ДЕМОКРАТИ сеʼ против лажната хистеријата на заплашување на граѓаните, од страна на политички партии и граѓани, дека дата-центрите се штетни за Македонија.
За жал, политичките партии и некои граѓани немаат основни познавање од користа на дата-центрите и се против сеʼ што е напредно и потребно за развој на економијата и добробит на народот и македонската држава!

Претходно МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА ЈА СПАСАТ САМО ЧЕСНИ ЛУЃЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ