МОН го објави јавниот повик за субвенциониран оброк. Студентите и оваа година ќе добиваат 840 денари неделно за оброк.
Пријавувањето ќе трае од 26 до 31 август 2026 година. За академската 2026/2027 година, студентите кои ги исполнуваат условите повторно ќе можат да го користат правото на субвенциониран студентски оброк.
Право на финансиската поддршка имаат редовни студенти на прв или втор циклус студии, како и студенти на интегрирани студии на државните и приватните високообразовни установи. Еден од условите е студентот да нема месечни приходи, повисоки од минималната нето-плата во државата.
Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари дневно и може да се користи од понеделник до сабота за купување приготвена храна. Доколку средствата не се искористат во текот на неделата, ќе останат достапни на сметката до сабота.
ДЕМОКРАТИ одамна предлагаат да се укини мизерната помош (субвенциониран оброк) од 140 денари, 6 дена во неделата, а седмиот ден студентите ќе гладуваат?
МОН и Владата мора под ИТНО да прекинат да ги залажуваат студентите, со мизерен оброк од 140 денари и ИТНО да се донесат сет од мерки за вистинско подобрување на студенскиот стандард:
1. Бесплатно школување
(ослободување од партиципација на сите државни универзитети), за студентите од семејства со ниски приходи, како и за талентирани студенти со висок просек и студенти со ретки болести и сл.
2. Бесплатно сместување и храна во студентските домови за студентите со ниски приходи и за талентирани студенти со висок просек и студенти со ретки болести.
3. Бесплатни книги и студенски прибор за истата категорија на студенти.
3. Бесплатен градски и меѓуградски превоз за истите категории на студенти.
4. Најмалку двојно повисоки стипендии за сите студенти.
5. Подобрување на условите за сместување и исхрана во студенските домови.
Само со вакви мерки и вистинско подигнување на студенскиот стандард ќе ги задржиме младите студенти во државата. Во спротивно, тие ќе продолжат уште помасовно да заминуваат во други држави, каде имаат стипендии и подобри услови за школување и работа.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат за повисок животен стандард и подобри услови за студентите, да останат во Македонија и учествуваат во развојот на нашата државо за подобра иднина на сите граѓани!


