Според податоците на Министерството за финансии за 2026 година, Општина Куманово заедно со своите јавни претпријатија, установи и училишта, должи сума од 1.058.650.858 (една милијарда) денари или 17.190.586 евра.
Дури 87%
од наведениот јавен долг е на јавните претпријатија на Општина Куманово, односно цели 927.329.401 денари јавен долг од 1.058.650.858 денари.
На сметка на општинската каса се препишуваат доспеани неплатени обврски од 28.811.240 денари и недоспеани обврски од 82.491.258 денари и вкупен јавен долг од 111.302.498 денари или 1.809.157 евра.
Загрижувачки е фактот што вкупниот долг на Општина Куманово, наместо да покаже тренд на намалување, во последниот период се има зголемено за над 100 милиони денари.
ДЕМОКРАТИ: бараат од неспособниот градоначалник Максим Димитриевски и од Советниците на Општина Куманово, да образложат на што се должат овие обврски за плаќање од една милијарда денари вкупен долг?
Од друга страна Куманово тоне во ѓубре, животната средина е екстремно загадена, улиците и градот се распаѓаат, економијата пропаѓа, здравството колабира, младите масовно се иселуваат, а општината тоне во долгови, а локална власт предводена од неспособниот градоначалник Максим Димитриевски ја празнат општинската каса и продолжуваат со
расипничко владеење во нивна корист.
ДЕМОКРАТИ бараат од неспособниот градоначалник и советниците да си поднесат ИТНА оставка, пред да ја уништат целосно Општината Куманово.
ДЕМОКРАТИ секогаш се борат против неспособни функционери и криминалци кои ја пустошат државата!


