Државниот завод за ревизија утврдил повеќе недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода.
Се купувало леб за 120 денари по килограм, а парче леб се пресметувало како еден килограм леб!!!
Државниот Завод за Ревизија открил недоследности со договорот во 2025 година, со кој, цената на лебот достигнала 126 денари за килограм, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари за килограм, што укажува на злоупотреба на јавните набавки.
Студентскиот дом со ваквата пракса работел и во 2023 и 2024 година, а едно парче леб се сметало дека тежи еден килограм.
Малверзации се откриени и кај душеците за потребите на студентите. Вкупно 250 душеци во вкупна вредност од 1.174.000 денари не биле ставени во употреба, иако биле набавени. Душеците биле поголеми од димензиите на самите кревети.
Исто така, ревизорите утврдиле дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба.
Сомнежи има и за набавките на другите видови на храна. Се купувале артикли по цена поскапа од пазарната.
Со ревизијата на јавните набавки за свежо месо, преработки на месо, месни производи и риба од 2023 и 2024 година, како и земјоделски производи, ревизорите утврдиле дека најчесто е доставена само една понуда, а договорите се склучувани во висина на проценетата вредност, без однапред дефинирани количини. Кај редовно набавуваните артикли понудените цени биле повисоки од пазарните.
ДЕМОКРАТИ бараат од надлежните институции ИТНО, да се преиспитаат јавните набавки во сите студенски домови и доколку се потврдат неправилности и злоупотреби, одговорните лица да бидат најстрого санкционирани!
ДЕМОКРАТИ секогаш, најжестоко се борат против криминалот и корупцијата во државата!


