Ајде за момент да се потсетиме дека се наоѓаме во период на транзиција кон вештачката интелегенција и дека е еден од најбурните периоди во современата човекова историја
За жал, нема многу луѓе кои се загрижени за тоа колку брзо вештачката интелигенција би можела да ги трансформира работните места и општеството, а се загрижени и се против изградба на дата центар или центри, под изговор дека ќе ни ја земат водата и електричната енергија, дека имало голема бучава, зрачење и ја загадуваат животната средина.
За да ни биде појасно кои се маните и предностите на дата центрите и каде и како треба да се градат почитувани граѓани, Ве замолуваме да го прочитате линкот за да не бидете жртва на лажна пропаганда против дата центри – https://www.facebook.com/share/p/1BvP8T6EBR/?mibextid=wwXIfr
ДЕМОКРАТИ предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да стане или „најголемиот технолошки благодет некогаш измислен“ или „најлошиот извор на неправда“.
Вештачката интелигенција се разликува од претходните технолошки револуции поради својот опсег, практично не постои работно место што нема да биде погодено како што вештачката интелигенција станува сè поспособна.
ДЕМОКРАТИ предупредуваат дека масовното губење на работни места би можело да предизвика силен отпор кон вештачката интелигенција!
ДЕМОКРАТИ ВЕЛАТ: ПРОБЛЕМОТ НЕ СЕ ДАТА ЦЕНТРИТЕ, НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ ИЛИ БЛАГОДЕТ Е ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА!


